Работник тргнува од Битола против Спортинг во деби настапот во Лигата на шампионите

Дебитантот во ракометната Лига на шампиони, Еурофарм Работник своето патешествие во елитното натпреварување ќе го почне на 15. септември на домашен терен против португалскиот Спортинг Лисабон.

Домашните натпревари македонскиот вицешампион ќе ги игра во арената „Боро Чурлевски“ која доби зелено светло од ЕХФ.

  • 15.09.2019: Работник – Спортинг (17:00 часот)
  • 18.09.2019: Савехоф – Работник (19:00 часот)
  • 29.09.2019: Бидасоа Ирун – Работник (12:10 часот)
  • 13.10.2019: Работник – Кокс (17:00 часот)
  • 20.10.2019: Работник – Татран Прешов (17:00 часот)
  • 02.11.2019: Татран Прешов – Работник (18:00 часот)
  • 09.11.2019: Работник – Савехоф (17:00 часот)
  • 20.11.2019: Кокс- Работник (19:00 часот)
  • 30.11.2019: Работник – Бидасоа Ирун (17:30 часот)

Се вчитува...