Манчестер Сити се подготвува за продажба на Лирој Сане, откако Баерн тргна во финална офанзива за да го осигура потписот на германскиот репрезентативец. Баварците се подготвени да платат 90 милиони евра, а тренерот Нико Ковач е убеден дека трансферот ќе се реализира во најскоро време.
„Управата е целосно фокусирана на овој трансфер и оптимист сум дека наскоро ќе го имаме Сане во тимот“ – истакна Ковач.
Пеп Гвардиола е свесен за офанзивните квалитети на брзоногиот Германец, но Сане никогаш не беше најстандарден во Сити поради недоволното учество во играта во одбрана на англискиот првак. Токму поради ова трофејниот стратег и дал налог Сане да биде продаден доколку пристигне примамлива понуда, а веќе го избрал и неговиот наследник во дресот на „граѓаните“.
Станува збор за Микел Ојарзабал, суперталентираниот крилен офанзивец на Реал Сосиедад. Тој пред неколку седмици беше дел од младинската репрезентација на Шпанија што стана европски првак, а Ојразабал со добрите игри на клупско ниво сериозно тропа и на вратата на сениорската репрезентација. Реал Сосиедад нема намера да го продаде својот најперспективен играч, но тоа не е проблем за Сити – од отштетата за Сане ќе се издвојат 75 милиони евра за да се активира клаузулата за раскин со клубот од Баскија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА