Јувентус ќе плаќа пенали поради Кристијано Роналдо?

Италијанскиот шампион Јувентус, би можел да сноси последици бидејќи во пријателскиот натпревар против ол-стар тимот на јужнорејската лига, во тимот не беше Кристијано Роналдо.

Португалецот целиот натпревар го преседе на клупата, а според пишувањето на „Кориеро дело спорт“, компанија која го органзирала дуелот во Сеул, бара повраток на парите како би можеле да ја надокнадат штетата. Сепак, од клубот велат дека тој не можел да биде дел од тимот бидејќи имал проблем со мускулот.

„Искрено се извинуваме на навивачите што Роналдо не беше дел од тимот, бидејќи беше откриено дека има проблем со мускулот. Ќе посветиме повеќе внимание во иднина да не ги разочараме нашите навивачи во Кореја“, стои во соопштението од клубот.

 

Се вчитува...