Италијанскиот калчолигаш Милан сака да го доведе Кеита Балде на „Сан Сиро“. Крилниот напаѓач на Сенегал минатата сезона беше дел од Интер, но не ја искористи опцијата за откуп на договорот од Монако. Сега тој би можел да се пресели во другиот гигант од Милано.
24-годишниот фудбалер во Италија настапуваше и за Лацио и за четири сезони забележа 137 натпревари и постигна 31 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА