Металург го означи стартот на подготовките под водство на новиот тренер, со значително променет состав и со нов тренер на клупата. Дамир Стојановиќ со голем оптимизам ја почна својата авантура во „Автокоманда“, свесен дека го очекуваат полни раце работа, но и мотивиран да оствари што подобри резултати и да им ги замрси сметките на Вардар и на Работник.
Во првите денови предвидено е тимот да тренира во Автокоманда, а потоа ќе замине за Копаоник, каде од 6 до 12 август ќе ги работи висинските и базичните подготовки. Во текот на подготовките Металург ќе учествува и на два турнири.
Најпрвин ќе биде дел од турнирот на Чеховски Медведи, од 15 до 19 август, а потоа ќе настапи и во Кањижа, од 22 до 25 август. Последната етапа од подготовките Металург ќе ја одработи во Автокоманда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА