Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо ја доби наградата „Легенда на Марка“ што ја доделува реномираниот шпански весник. Тој по освојувањето на престижната награда изјави дека му недостасува Мадрид и дека еден ден би сакал да се врати во градот со кој го врзуваат убави спомени.
„Жал ми е што го напуштив Мадрид. Ми недостига и Манчестер, но во Мадрид живеев подолго и таму ми се родени децата, па затоа повеќе ми недостига. Многу патував во кариерата, но никаде не е како во тој град. Се надевам дека наскоро ќе се вратам во Мадрид“, изјави Роналдо.
Роналдо како дел од Реал Мадрид освои четири, од вкупно петте Златни топки во кариерата, а стана и најдобар стрелец во историјата на клубот со 451 гол на 438 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА