Серијата слаби резултати на Реал Мадрид во подготвителниот период продолжи и на денешниот дуел од „Ауди Купот“ во Минхен, каде „кралевите“ загубија со 0-1 од Тотенхем. Зинедин Зидан дефинитивно ќе има проблем да склопи моќен тим, откако Реал не само што беше поразен, туку и надигран од европскиот вицепрвак.
Пресуден беше голот на Хари Кејн по големата грешка на Марсело, но мора да се потенцира дека Тотенхем имаше уште неколку стопроцентни шанси, а Кејлор Навас со одлични интервенции спречи нова катастрофа на својот тим слична на онаа на градското дерби со Атлетико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА