Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да ја засили одбраната до истекот на летниот преоден рок во Премиер – лигата. Откако се закомпликуваа работите за трансферот на Хари Мегваер од Лестер, раководството на „црвените ѓаволи“ се сврте кон други опции. Една од нив е Самуел Умтити од Барселона. Тој е на излезна врата од „Камп Ноу“, а Оле Гунар Солскјер смета дека би бил одлично решение за одбраната на неговиот тим.
Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 50 милиони евра за ангажманот на Французинот Умтити. Тој дојде на „Камп Ноу“ во 2016 година од францускиот прволигаш Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА