Џанлука Вијали ја купува Сампдорија

Конзорциум на чие чело е поранешниот италијански фудбалер Џанлука Вијали ја купи Сампдорија за 140 милиони евра, објавија италијанските медиуми. Досегашниот сопственик Масимо Фереро ја потврдил оваа информација на состанокот на претседателите на клубовите од Серија А, во пресрет на новата сезона.

Фереро пред пет години го купи клубот за само 15 милиони евра, а ќе заработи речиси десет пати повеќе. Најавите се дека тој сака да го преземе Палермо кој поради финансиски долгови е префрлен во Серија Д.

 

 

Се вчитува...