Црвена Звезда во третото коло од квалификациите на ЛШ

Српскиот првак Црвена Звезда ја мина втората пречка и се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. „Црвено-белите“ загубија со 2-1 на гостувањето против Хелсинки, но имаа предност од 2-0 од првата средба во Белград. Во следната рунда најверојатно ќе играат против ФК Копенхаген, кој има убедлив резултат по првиот дуел со ТНС.

Далстром на почетокот на второто полувреме го доведе Хелсинки во водство, но израмни Јованчиќ во 56. минута. Финскиот тим со голот на Риски дојде до пирова победа од 2-1 во судиското продолжение од мечот.

 

Се вчитува...