Матијашевиќ мисли на ЕП: Нека „падне“ прво Финска…

Преку работа на физичката подговеност, па индивидуалната техника и класичните одбојкарски тренинзи, па до контролните натпревари. Ова е динамиката со која е предвидено да се движат подготовките на македонската одбојкарска репрезнетација. Одбојкарите веќе неколку седмици се во Маврово.

„Натпреварот против Финска може да биде клучен. Ако го добиеме ќе си ја отвориме вратата за пласман во втората фаза. Ќе се натпреваруваме во нехомогена група во која има две големи репрезентации, Русија и Словенија. Нашата шанса се дуелите против Белорусија, Турција и особено првиот против Финска кој ќе биде многу важен“ – вели селекторот Никола Матијашевиќ по речиси три седмици од подготовките на одбојкарската репрезентација за настапот на Европското првенство во Словенија.

Подготвоките се движат според предвиденото темпо, во одлични услови, единствен проблем се повредите на Ѓорѓи Ѓориев и на Филип Манџунков. Очекувањата е дека нема да отсуствуваат предолго.

„Одиме по фази, во Романија ќе ги имаме првите натпревари, да видиме каде сме, не очекувам тогаш да бидеме во врвна форма, но секако очекувам сите играчи да се вложат максимално и тоа ќе ми помогне да ги изберам тие што ќе одат на ЕП. Имаме осум контролни натпревари, со различен квалитет, Бугарија, Белгија, Украина, Романија Австрија, може да фали еден до два натпревари, но осум натпревари секако се доволни“ – анализира селекторот.

Тој порачува дека репрезентацијата нема да се задоволи со пласманот како најголем успех и оти ќе се обиде да дојде до втората фаза, резултат кој навистина би бил историски.

Се вчитува...