Хрватскиот фудбалски интернационалец Никола Калиниќ ќе го напушти Атлетико Мадрид и ќе премине во редовите на Еспањол. Каталонскиот клуб ќе остане без првиот напаѓач Борха Иглесиас, а како прва опција за негова замена се споменува хрватскиот фудбалер.
Сепак, доколку Иглесиас остане во Еспањол, тогаш Калиниќ ќе биде прескапа опција за клубот, а доколу би сакал да дое на позајмица ќе мора да зема далеку помала плата од таа во мадридскиот клуб.
Калиниќ минатото лето го доби епитетот „најголем губитник во фудбалот“, откако поради недисциплина по првото коло на светското првенство беше исфрлен од репрезентацијата на Хрватска, која во Русија забележа сензација стигајќи до финалето на Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА