Нико Ковач може да здивне откако беше обелоденето дека синоќешната повреда што ја заработи Кингсли Коман на мечот со Тотенхем не е од посериозна природа. Крилниот фудбалер на Баерн мораше веднаш да биде заменет жалејќи се на болка во коленото, но деталните лекарски прегледи донесоа добра вест за германскиот првак.
„По деталните прегледи извршени од страна на докторот Ханс-Вилхелм Милер – Волфхарт, станува збор за мал оток во пределот на коленото. Враќањето на Коман на тренинзите се очекува во текот на утрешниот ден“ – објави Баерн Минхен на официјалната веб-страница.
Французинот има доволно време за целосна рехабилитација, за да биде максимално подготвен за стартот на сезоната и премиерниот меч на „Алијанц Арена“ против Херта, закажан за 16 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА