Арсенал долго време беше пасивен на фудбалската берза, но „топчиите“ завршија фантастична работа со ангажманот на Николас Пепе. Камерунскиот интернационалец беше поврзуван со голем број европски гиганти, но „топчиите“ успеаја да излезат како победници од оваа трка, пред Наполи, Ливерпул и Интер.
Вкупната висина на трансферот изнесува 80 милиони евра, со што крилниот офанзивец станува најскап фудбалер во историјата на „топчиите“.
„Пепе е талентиран крилен играч кого го посакуваа бројни тимови низ Европа. Ангажман на врвен фудбалер на оваа позиција во тимот беше приоритет за нас и секако дека сум среќен што го добивме ова засилување. Со него ќе добиеме на сила, брзина и креативност, што ќе придонесе да постигнеме многу повеќе голови“ – истакна менаџерот Унаи Емери.
Арсенал претходно го доведе на едногодишна позајмица и Дани Себалјос од Реал Мадрид, а во завршна фаза се и преговорите за левиот бек на Селтик, Киран Тирни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА