Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски кариерата ќе ја продолжи во Франција, откако постигна договор за едногодишна соработка со второлигашот Алм Евру Баскет.
Ѓуроски минатата сезона настапуваше во Шпанија, бележејќи одлични игри во дресот на Хуеска, по што потоа за плејофот беше ангажиран и од екипата на Мелилја. Тој имаше добиено неколку понуди за да остане во Шпанија, но македонскиот репрезентативец се реши за нов предизвик во кариерата и преселба во Франција.
Ѓуроски беше дел од тимот на Луизијана Тек во НЦАА-лигата во периодот од 2011 до 2014 година. Потоа тој настапуваше за екипите на Левски Софија, по што се врати во Македонија и го носеше дресот на МЗТ Скопје, Карпош Соколи и Блокотехна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА