Дибала чека понуда од Пари Сен Жермен

Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала е на излезна врата од Јувентус, има понуди од Манчестер Јунајтед и од Интер, но последните информации говорат дека чека конкретен одговор и од Пари Сен Жермен. Тој најмногу би сакал да го облече дресот на „светците“, по советите на Џанлуиџи Буфон дека се работи за еден од најдобро организираните клубови во светот.

ПСЖ сака да го продаде Нејмар, во опција се и Барселона и Реал Мадрид, и ангажманот на Пауло Дибала би бил одлично решение за Томас Тухел. Аргентинецот побара годишна плата од 18 милиони евра од Манчестер Јунајтед, а еден од клубовите што тоа може да го плати е токму ПСЖ.

Се вчитува...