Ели Јаковска потпиша за Конак Беледиспор

Една од најдобрите македонски фудбалерки, репрезентативката Ели Јаковска, потпиша договор со турскиот клуб Конак Беледиспор. Таа по вторпат се враќа во Турција каде претходно ги бранеше боите на Бешикташ.

Јаковска стави потпис на едногодишна соработка со новиот клуб и повторно ќе гради интернационална кариера.

Се вчитува...