Реал Мадрид е во завршна фаза од преговорите за ангажман на нов фудбалер за врска. Во текот на летово „кралевите“ беа поврзувани со Пол Погба и со Кристијан Ериксен, но изненадувачки изборот на Флорентино Перез не паднал врз овие двајца фудбалери, туку врз Дони ван де Бек, фудбалерот на Ајакс кој постигна и погодок против „кралевите“ во Лигата на шампионите.
„Точно е, Реал ме бара, но тоа е се што можам да кажам во моментов. Се фокусирам на дуелот со Витесе во првото коло од холандското првенство“ – откри Ван де Бек.
Веднаш се надоврза и тренерот Ерик тен Хаг: Сакаме Дони да остане, но од друга страна ни е јасно дека ако Реал тргне сериозно по него, нема да можеме да го задржиме.
Шпанските медиуми најавуваат дека е подготвена и понуда од 60 милиони евра, сума за која Ајакс е подготвен да го продаде холандскиот репрезентативец. Преговорите ќе се интензивираат на почетокот од следната седмица, кога се очекува да биде постигнат конечен договор, за Ван де Бек што поскоро да му се стави на располагање на Зинедин Зидан.
Прашање е колку Зизу воопшто ќе биде среќен поради овој трансфер, со оглед на фактот дека тој инсистираше на ангажман на Погба, но претседателот Перез повторно не ги почитува неговите желби на пазарот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА