Евертон го барал Кеан и пред пет години, но татко му не го пуштил

Таткото на младиот италијански фудбалер Моисес Кеан вели дека го спречил неговиот син да замине во Евертон кога имал 14 години. Кеан е пред трансфер на „Гудисон парк“ за сума од 36 милиони, но тој можеше да стане фудбалер на „карамелите“ и пет години порано.

„Јас го стопирав неговиот трансфер во Евертон во тоа време. Неговата мајка пак сакаше да го испрати во Манчестер Јунајтед. Јас стопирав се бидејќи не сакав да испратам момче на 14-годишна возраст во странство“, изјави Биро Жан Кеан. 

Евертон го победи Арсенал во трката за потписот на младиот фудбалер, одбивајќи ги „топчиите“ бидејќи не верувал дека ќе биде стандарден првотимец на „Емирејтс“.

Се вчитува...