Честите конфликти на релација тренер – управа можат да придонесат Зинедин Зидан воопшто да не го дочека стартот на новата сезона како тренер на Реал Мадрид. Французинот дефинитивно е незадоволен поради неисполнетите ветувања од управата, откако при враќањето му беше даден збор дека ќе има целосна контрола над трансферите, што воопшто не е случај.
Зидан е бесен што претседателот Перез не сака да ги продаде Герет Бејл и Хамес Родригез, а згора на тоа не му ги исполнува ниту желбите за ангажман на нови фудбалери, пред се на Пол Погба од Манчестер Јунајтед. Односот на Зизу со првиот човек на клубот е сериозно нарушен, но во ситуација кога тимот одигра катастрофално во подготвителниот период сега Перез би можел да повлече потег уште пред стартот на сезоната, врачувајќи му отказ на Зидан.
Причина повеќе за да се верува во овие шпекулации е фактот дека Жозе Мурињо е слободен за ангажман. „Специјалниот“ и по заминувањето остана во одлични односи со Перез, кој го бараше кога си замина Лопетеги, но тогаш Мурињо се уште седеше на клупата на Манчестер Јунајтед. Не е тајна дека Португалецот без размислување би се вратил на чело на „кралевите“, а доколку тоа се случи Флорентино би си решил уште еден проблем – дефинитивно нема да го ангажира Погба, кој водеше војна со Мурињо во Манчестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА