Сезоната во Премиер-лигата почнува на 9. август, а завесата ќе биде крената со мечот од Комјунити шилд меѓу Манчестер Сити и Ливерпул кој е денеска на програмата.
Ливерпул во ова натпреварување ќе се најде за првпат по тринаесет години, а до шансата да се борат за првиот трофеј во сезоната стигнаа благодарејќи на тоа што Сити минатата сезона ги освои Премиер-лигата и ФА купот. Тоа ќе биде 15. настап за „црвените“, а досега десет пати го освојувале трофејот. Поуспешни од нив се само Манчестер Јунајтед (17) и Арсенал (14).
Манчестер Сити петпати го освојуваше Комјунити шилд, а исто така има и шест победи по ред кога играл на „Вембли“. Последен пат на најпознатиот стадион во Англија поразени се во мај месец 2017 кога во полуфиналето од ФА купот подобар беше Арсенал.
Последниот дуел меѓу двата тима го доби Манчестер Сити, а тимот од „Етихад“ две победи против Ливерпул нема забележано уште од 1937. година.
Во последните 12 меча меѓу двата тима Ливерпул славеше на седум меча, трипати беше нерешено, а Сити се радуваше само на два натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА