Поранешните агенти на Пауло Дибала му испратија предупредувачко писмо на англискиот гигант Манчестер Јунајтед дека ќе мора клубот да плати 40 милиони повеќе ако го потпишат напаѓачот на Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.
Според медиумите, поранешните агенти на Јувентус испратиле правно писмо во кое ја објаснуваат ситуацијата зошто не треба да се купи Дибала. Имено, тие се тужат со Аргентинецот, поради кршење на договорот од 2017. година бидејќи преминал во друга агенција.
Во 2017. Дибала потпишал десет годишен договор со старата агенција, која вложила многу пари во него, но Дибала ги измамил своите агенти и одлучил да ги напушти. Ако ја добијат тужбата Дибала и неговиот нов клуб ќе мора да им исплатат 40 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА