Младиот македонски фудбалски репрезентативец Елиф Елмас со победа над Олимпик Марсеј од 1-0, дебитираше во првиот тим на Наполи.
Карло Анчелоти покажа дека верува во нашиот репрезентативец давајќи му шанса во првиот тим. Елмас го искористи тоа играјќи одлични први 45. минути во кои беше постигнат и единствениот погодок на мечот кој беше дело на Белгиецот Дриес Мертенс во 39. минута.
На полувреме Елмас беше заменет, а во вториот дел мируваа мрежите на двата тима. Следниот подготвителен меч Наполи ќе го игра против Барселона на 8. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА