Манчестер Сити го освои првиот трофеј во новата сезона откако го совлада Ливерпул во „Комјунити Шилд“, а интересна информација доаѓа од таборот на „граѓаните“. Пеп Гвардиола не му дозволил на Алжирецот Ријад Марез да биде во составот за да не падне на допинг – тест. Добил информација од лекарскиот тим дека Марез примал одредени лекарства кои можеле да содржат и забранети супстанци.
„Ријад ме побара телефонски откако стана шампион со Алжир и ми рече дека сака да се врати и да игра против Ливерпул. Му реков дека е добредојден. Но, тој добивал суплементи за побрзо опоравување, па лекарскиот тим ме информираше дека е најдобро да не биде во составот, да не преземаме никаков ризик околу можното појавување на допинг – тест. Токму затоа не беше во тимот на мечот од „Комјунити Шилд. Се надевам дека се ќе биде в ред за дуелот против Вест хем на стартот од Премиер – лигата“, изјави Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити ќе го брани шампионскиот пехар во англискиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА