Конте не се откажува, испрати нова понуда за Лукаку

Во новиот обид да го довде Ромелу Лукаку, Интер испрати нова пондуа до Манчестер Јунајтед. Антонио Конте сака да профитира од пропаднатата размена меѓу премиерлигашот и Јувентус, Паоло Дибала за Белгиецот и на тимот од англија сега му нуди 73 милиони фунти. „Corriere dello Sport“ на насловната странција објавува дека Интер е се поблиску до Лукаку додека Конте изјави дека ќе работи на трансферот на белгискиот репрезентативец во Интер се до последниот ден од преодниот рок во Италија на 23 август.

Јувентус и Јунатед беа практично договорени за размената, но проблем направи дибала кој бараше плата од 350 000 фунти неделно па трансферите пробаднаа и сега Интер повторно протиска за Лукаку. Конте призна дека сакал да гу купи и во времето кога беше менаџер на Челси.

 

 

Се вчитува...