Европскиот вицепрвак Тотенхем го договори трансферот на аргентинскиот интернационалец Џовани Ло Селсо. Одличниот играч за врска ќе пристигне во Лондон за сума од 52 милиони евра, а Бетис би можел да добие и дополнителни 8 милиони евра како бонуси условени со успесите на фудбалерот во новиот клуб.
Менаџерот Маурисио Покетино инсистираше на трансферот на Ло Селсо знаејќи дека најверојатно Кристијан Ериксен ќе го напушти Тотенхем. Трансфер – прозорецот во Англија се затвора во четврток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА