Кадетската ракометна репрезентација на Македонија со пораз го отвори ракометниот мундијал што се одржува во нашата земја. Селекцијата на Данило Брестовац имаше неизвесен дуел против Аргентина и загуби (20-23). Последниот квартал беше кобен за нашиот состав.
Во овој период Аргентинците направија пресврт иако беа во негатива и од пет гола. Во неизвесната завршница, на две минути пред крајот, Серафимов пропушти и прилика за израмнување на 21-21, по што аргентинскиот тим поведе и со два гола и потоа дојде и до конечните 23-20.
Дури пред крајот на воведното полувреме, македонската репрезентација успеа да се одлепи на дотогаш максималните четири гола предност. Нашиот тим побегна на три дистанца во 10-та минута (6-3), но Аргентинците се вратија експресно и израмнија на 6-6. Потоа дури во 22 минута, избраниците на Брестовац успеаја повторно да дојдат до три гола предност (9-6), а пред крајот на полувремето и на највисоките 11-7 и 13-9 кои беа и конечни на паузата.
Ненад Костески со шест гола беше прв стрелец во нашиот национален тим, Мартин Серафимов постигна четири гола.
Утре за нашата репрезентација ќе биде слободен ден, а в четврток во дуелот од второто коло ќе се соочи со репрезентацијата на Нигерија.
Во нашата група Ц, стартни победи забележаа и Бахреин кој со 36-28 го победи нашиот лседен противник Нигерија, како и Данска која со 30-23 славеше во мечот со Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА