Баерн Минхен тргнува по Хаким Зијеч, a Ајакс му го продолжи договорот до 2022

Германскиот првак Баерн Минхен тргнува во нова офанзива за потписот на Хаким Зијеч, крилниот играч на Ајакс. Контактите постојат веќе подолг период, но трансферот засега не е остварен поради отштетата од 35 милиони евра која ја бара холандскиот клуб. Раководството на баварскиот клуб паралелно работеше и на трансферот на Лирој Сане од Манчестер Сити, но тој сериозно го повреди коленото и ќе мора да паузира цела сезона.

Хаким Зијеч одлично ја стартуваше и новата сезона во дресот на Ајакс и веќе постигна два гола, во Суперкупот на Холандија и на дуелот против ПАОК во Солун, во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Ајакс нема намера лесно да го пушти и му го продолжи договорот до 2022 година.

Се вчитува...