Последниот ден од трансфер-прозорецот во Англија донесе интересен трансфер. Дефанзивецот на Челси, Давид Луиз оди во Арсенал. Менаџерот на „топчиите“, Унаи Емери, упорно бара нов одбранбен фудбалер и го пронајде во Бразилецот кој потпиша двегодишен договор.
Арсенал остана без досегашниот капитен Лоран Кошиелни кој кариерата ќе ја продолжи во Бордо. Оттаму и напорите на Емери да ја пополни одбранбената линија со уште еден квалитетен дефанзивец на самиот истек од летниот преоден рок во Премиер – лигата.
Киреан Тирни, левиот бек на Селтик, денеска исто така треба да го комплетира трансферот вреден 25 милиони фунти во редовите на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА