Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките

Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките за новата сезона, а клубот го задржа костурот на тимот. Како што информираат на клупскиот сајт, Тинекс Пролет не отстапува од цврстата стратегија за настап исклучиво со македонски ракометари, што ќе биде случај и во новата сезона од Супер-лигата.

Засега е потпишано само едно ново засилување, голманот Никола Кизиќ кој бранеше за Струга, а претходно има настапувано и за Вардар Јуниор. Тој ќе го наследи на нашиот гол искусниот Кимевски, кој ја заврши кариерата. Во првиот тим се прекомандувани и најперспективните ракометари од младинската школа.

Тинекс Пролет летово беше фокусиран на задржување на најдобрите ракометари, успеа да ја продолжи соработката со капитенот Ласко Андоновски, кој одби неколку понуди од Македонија и странство за да остане во Пролет. Нови договори се потпишани и со браќата Филип и Александар Василевски. Во завршна фаза се преговорите за ангажман на нови ракометари кои дополнително би ја засилиле екипата.

Се вчитува...