СП 2019: Нигериски скалп за премиерен триумф

Во натпревар без континуитет во играта, го големи падови и долги периоди без постигнат гол, македонската кадетска репрезентација против Нигерија ја забележа првата победа (37-34) на Светското првенство за оваа возрасна категорија.

Во првото полувреме македонската репрезентација имаше најмногу четири гола предност, првпат во 14 минута кога поведе со 14-9, потоа имаше и 13-9, но Нигеријците имаа краток налет со кој дојдоа до израмнување на 13-13 во 24. минута. Потоа нашиот тим се одлепи на три гола позитива, а на полувремето отиде со предност од два гола, 18-16.

Второто полувреме се одвиваше речиси идентично како и во стартниот дуел со Аргентина, нашиот тим достигнуваше и до три гола предност, но потоа дозволуваше противникот и за израмни и да се приближува на еден гол негатива. Потоа предноста се стабилизираше на два гола и до крајот македонскиот тим дојде до посакуваниот триумф.

Ненад Костески беше феноменален, постигна 13 гола од 16 обиди, а Мартин Серафимов додаде 10 гола во нашиот национален тим.

Во нашата група Ц само Данска е со максимални четири бода откако денеска ја забележа и втората победа триумфирајќи над Аргентина со 29-19. Потоа следува групата од четири селекции со по два бода, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Македонија. Само Нигерија е без бодови по двете одиграни кола.

 

Се вчитува...