Младата шпанска фудбалерка, Алба Естебан Фрау загина во сообраќајна несреќа. 19-годишната фудбалерка со своето четири години постаро момче патувала во Мајорка, кога ја изгубиле контролата во моторот и се удриле во ѕид.
Медицинските екипи брзо стигнале на местото на несреќата, но немало никаков спас за Естебан-Фрау која на лице место го загубила животот. Нејзиното момче се наоѓа во критична состојба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА