Македонската репрезентација против Бахреин ќе се обиде да направи мини победничка серија во групниот сегмент од Светското првенство за кадети кое се одржува во Скопје. Бахреин е следниот предизвик за тимот на Данило Брестовац кој против Нигерија одигра во голем грч и со многу грешки, но ја забележа стартната победа.
Да се елиминираат сите недостатоци во играта, но пред се да се избегне блокадата која е видлива кај ракометарите. Тоа ќе биде задачата пред нашиот тим во кој два натпревара успеваше да направи опиплива предност, но поради големите падови во играта, од Аргентина загуби, а се провлече против Нигерија.
Македонската репрезентација е во групата од четири селекции во конкуренцијата Ц кои имаат по два бода. Само Данска во оваа група е со максимален ефект. Покрај нашата и репрезентациите на Бахреин, на Јапонија и на Аргентина имаа по два бода.
ГРУПА Ц 3. коло
16:30ч
ДАНСКА – НИГЕРИЈА
18:30ч
ЈАПОНИЈА – АРГЕНТИНА
20:30ч
БАХРЕИН – МАКЕДОНИЈА
ТАБЕЛА: 1. Данска 4 (59:42); 2. Бахреин 2 (60:55); 3. Македонија 2 (57:57); 4. Јапонија 2 (50:54); 5. Аргентина 2 (42:49); 6. Нигерија 0 (62:73).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА