Аталанта се засили со Мартин Шкртел

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и на Фенербахче, Мартин Шкртел, е ново засилување за италијанскиот калчолигаш Аталанта. 34-годишниот одбранбен фудбалер доаѓа како слободен агент и потпиша едногодишен договор и треба да биде големо засилување за дебитанскиот настап на клубот од Бергамо во Лигата на шампионите.

Шкртел осум години го носеше дресот на Ливерпул и одигра преку 300 натпревари за англискиот премиерлигаш, а потоа имаше и турска епизода. Тој беше и долгогодишен капитен на националниот тим на Словачка. Во Аталанта ќе заработи еден милион евра за тековната сезона.

Се вчитува...