Данил Медведев го избори првото Финале на турнир од Мастерс серијата. Ќе игра за трофејот на „Роџерс куп“ откако ја доби полуфиналната битка со сонародникот Карен Хачанов со 2-0 во сетови.
Поради оваа победа, Медведев од понеделник ќе биде најдобро рангираниот Русин на АТП листата. Финалната е зака пресметка е закажана за вечерва, а Медеведев ќе му се противстави на бранителот на торфејот и петкратен осовјувач на титулата на овој Мастерс, Рафаел Надал.
Шпанецот без борба дојде до местото во финалето поради тоа што Гаел Монфис поради исцрпеност не се појави на теренот.
Hello, maiden #ATPMasters1000 final. ?️
?? @DaniilMedwed beats Karen Khachanov 6-1, 7-6(6). #CoupeRogers pic.twitter.com/DY6W3r7bne
— ATP Tour (@ATP_Tour) August 10, 2019
На женската половина од „Роџерс куп“ за трофејот ќе играат Серена Вилијамс и домашната фаворитка Бјанка Андреску. Серена направи голем прсврт во полуфиналето против Мари Бускова откако го загуби воведниот сет со 6-1. Се созеде во средината на вториот сет и додје до триумф од 2-1 во сетови и шанса да се бори за четвртиот трофеј на Мастерсот во Канада.
Serena Williams defeats Marie Bouzková 1-6, 6-3, 6-3 to advance to the championship match in Toronto, where she’ll face Canadian star Bianca Andreescu. https://t.co/5ksrfqUoFq pic.twitter.com/UFy7Xal4ip
— SportsCentre (@SportsCentre) August 10, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА