Ракометните кадети го забележаа вториот пораз на СП, загубија од фаворитот Данска, а селекторот Данило Брестовац, вели дека не може да биде задоволен кога ќе се загуби мечот.
„И најгрда победа е поубава од најубавиот пораз. Можеби игравме подобро, но пораз си е пораз. Задоволен сум дека одиме во нагорна линија, можеме да влеземе и во ротација. Се забележа разлика од првите три натпревари. За нешто повеќе против Данска ни недостигаше расположен голман во второто полувреме“, изјави Данило Брестовац.
Македонија во последното коло од групата ќе игра против селекцијата на Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА