ПСЖ во одбрана на шампионската титула во Франција тргна со убедлива победа против Ним од 3-0. До триумфот стигна без Нејмар кој е на излезна врата од клубот.
Па, иако не играше, Нејмар во секој случај повторно го одбележа натпреварот. Од трибините постојано се слушаа тешки пцовки и навреди за него, а беше поставен и транспарент „Губи се!“ Уште еден транспарент беше со навредлива содржина кон него, а поврзана со приказните за силување.
Но, не само на навивачите… И на неговите соиграчи веќе им е „преку глава“ од сагата околу Бразилецот. Па и Килијан Мбапе, кој до неодамна јавно го молеше да остане, почна да ги губи нервите.
„Веќе зборував на темата дали сакам Нејмар да остане во клубот. Доста е на таа тема. Одете и разговарајте со него, ќе ви дадам број“ – им се обрати Мбапе на новинарите по синоќешната победа над Ним.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА