Зидан ретерира во ставот за Бејл

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се чини драстично го прoмени ставот околу заминувањето на Герет Бејл од неговиот клуб. Францускиoт стратег и натаму е на ставот дека Велшанецот не му е потребен, но се помирува со фактот дека тој би можел да остане во клубот.

„Бејл и Родригез се играчи на тимот, двајцата се регистрирани, но се може да се случи. Како тренер јас морам да сметам на нив“ – изјави Зидан по дуелот со Рома.

Бејл одигра 25 минути од средбата. Зидан за него пред извесен период рече дека е најдобро да си замине и оти му се бара клуб. Постоеше можност тој да оди во Кина, но Реал Мадрид ја одби понудата од Пекинг гуан.

Се вчитува...