Лампард го има најлошото деби на клупата на Челси во последните четири децении

Франк Лампард со големи амбиции се врати во Челси на менаџерската позиција, но имаше разочарувачко деби на клупата на дерби-дуелот против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“. Лондонскиот тим загуби со убедливи 4-0, а Лампард го има најлошото деби на клупата на Челси во последните 41 година.

Полошо од него се претстави само Дани Бланчфлауер во декември 1978 година. Тогаш Челси загуби од Мидлсборо со 7-2.

Франк Лампард имаше фантастична кариера како играч во дресот на Челси, а тренерскиот занает го почна минатата година во Дерби Каунти. Ова лето се пресели на клупата на Челси.

 

 

Се вчитува...