СП 2019: Јапонската машинерија ги сомле македонските кадети, одат на 1/8-финале со Португалија

Македонската кадетска репрезентација на четвртото место го завршува групниот сегмент од Светското ракометно првенство во Скопје и со тоа во осминафналето вкрстува со најдобропасиранта селекција од групата Д, Португалија во осминафиналето.

Ова е разврската откако македонскиот состав во последното коло од конкурнецијата Ц, вечерва загуби убедливо од Јапонија со 31-22.

Дека нашиот тим нема што да бара во овој дуел стана јасно уште само по осум минути кога Јаониците направија 7-0. Првиот гол нашиот тим го постигна дури во деветтата минута. До полувремето предноста на Јапонија се стабилизираше на пет гола, на паузата „самураите“ имаа 15-11.

Во вториот дел предноста на јапонскиот состав континуирано растеше, во завршницата стана и двоцифрена.

Ненад Костески со девет гола беше прв стрелец во нашиот тим, Мартин Серафимов постигна четири.

Македонската репрезентација со биланс од две победи и три порази ја завршува групната фаза, на четвртото место со четири бода. Во нашата конкруенција Данска како непоразена и со максимален број бодови го освои првото место, Јапонија е втора, на третото место се пласираа Аргентинците.

 

 

Се вчитува...