Хрватот Иван Перишиќ и официјално е промовиран во дресот на германскиот бундеслигаш Баерн Минхен.
Перишиќ како позајмен фудбалер од Интер се сели во редовите на Баварците. Според договорот на двата тима Баерн Минхен ќе платат пет милиони евра за ангажманот на хрватскиот интернационалец, со обврска до крајот на следната година да го откупат комплетно неговиот договор за 20 милиони евра.
Во дресот на Интер, Иван Перишиќ одигра 141 натпревар за четири сезони, постигнувајќи и 37 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА