Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ сака да остане на „Камп Ноу“. Тој ја одбил понудата да влезе во пакетот играчи кои Барселона би ги понудила на Пари Сен Жермен како дел од размената за ангажман на Нејмар. Каталонскиот гигант сака да ги испрати Кутињо и Ракитиќ, плус пари, за да го врати Бразилецот во својот тим по две сезони. Сепак, Ракитиќ не сака да биде од ваква зделка.
Хрватот има договор со Барселона до 2021 година и сака да го испочитува во целост. Тој имаше понуда и да се пресели во Италија, да го облече дресот на Интер, но реши да остане на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА