Македонскиот фудбалски второлигаш Тиквеш амбициозно влегува во новата сезона, со надеж дека ќе успее да ја оствари целта за враќање во елитата по подолга пауза. Минатата сезона се сопнаа во баражот, но раководството верува дека може да се исполни планот во новиот шампионат.
За таа цел се ангажирани неколку засилувања, а најновото е Емир Скендери. Тој доаѓа од прволигашот Академија Пандев и ќе игра како позајмен играч во дресот на Тиквеш во претстојната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА