Македонската ракометна кадетска репрезентација заврши на 13. место на Светското првенство кое го играше на домашен терен. Со победата над Аргентина нашите репрезентативци го завршија мундијалот, но конечниот исход не е задоволувачки, вели селекторот Данило Брестовац.
„Не сум задоволен од турнирот. Знам дека можеме подобро, но ја немавме потребната хемија за подобар резултат. Целта ни беше осминафинале, а желбата четвртфинале. Против европските репрезентации одигравме добро плус денеска против Аргентина. Од сите други натпревари не сум задоволен. Не го игравме тоа што сме се договарале. Не знам за каква блокада се работеше, кој беше проблемот? Нас ни недостасуваше борбеност. Околу начинот на тренинг немам никаква забелешка. Им недостигаше креативност во нападот, која ја имаат на тренинг“ – изјави по дуелот со Аргентина, селекторот Брестовац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА