Само реми за Баерн на стартот: Херта извлече бод на „Алијанц арена“

Баерн Минхен немаше најдобар старт на новата сезона во Бундес-лигата. Тимот на Нико Ковач ремизираше (2-2) на домашен терен против Херта.

Роберт Левандовски во 24.минута го доведе баварскиот тим во водство, но Ведад Ибишевиќ и Марко Грујиќ со два гола во финишот на првиот дел направија комплетен пресврт.

Левандовски од пенал во 60.минута успеа да израмни, но Баерн Минхен немаше сили за победа на воведниот меч од сезоната.

Се вчитува...