Барселона со пораз ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, а тренерот Ернесто Валверде голем дел од вината за слабата игра ја насочи кон Антоан Гризман. Францускиот ас беше скапо платен, но не одговори на предизвикот на дебито во „Ла Лига“ за новиот клуб. За проблемите на Валверде да се уште поголеми, повреда заработи и Луис Суарез, па сега играта на Барса во нападот уште повеќе ќе зависи од Гризман.
„Гризман знае што бараме ние од нашите напаѓачи, мора повеќе да се „нуди“ да прими топка, да учествува во играта. Знаеме што може да направи кога ќе се најде во шеснаесетникот, но мора да се создаде ситуација за тој да влезе во шанса. Не знам колку ќе ни недостига Суарез, но се виде колкави проблеми имавме без него кога се обидовме да го притиснеме ривалот“ – изјави Валверде по мечот.
Главен проблем на Барса сепак не е Гризман, туку фактот дека каталонскиот гигант игра очајно кога во тимот го нема Лионел Меси. Статистиката вели дека на последните шест дуели на кои Аргентинецот не настапил, Барселона има скор од четири порази и две реми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА