Дарко Чурлинов веќе во првото коло од новата сезона доби можност за деби во Бундес-лигата откако младиот македонски ас доби шанса во второто полувреме од дуелот меѓу Волфсбург и Келн. Домаќините имаа предност од 2-0 кога гостинскиот тренер во 70. минута реши да го уфрли Чурлинов, кој до лани настапуваше за младинскиот тим, а по добрите настапи во подготовките сега е прекомандуван во првата екипа. Келн до крајот успеа да постигне почесен погодок, но не и да стигне до бод на тешкото гостување.
Борусија Дортмунд тргна моќно во сезоната, декласирајќи го Аугсбург со 5-1. Интересно, гостите поведоа со гол уште во првата минута, но неполни две минути подоцна на 1-1 израмни Алкасер. Потопот на гостинскиот тим се случи во второто полувреме, кога Санчо, Ројс, Алкасер и Брант се запишаа меѓу стрелците.
Баер Леверкузен славеше со 3-2 над новиот прволигаш Падерборн, но „фармацевтите“ скапо го платија овој триумф со оглед на повредата што ја заработи Бендер.
Резултати Германија:
Баер Л. – Падерборн 3-2, Борусија Д. – Аугсбург 5-1, Волфсбург – Келн 2-1, Фрајбург – Мајнц 3-0, Вердер – Фортуна Д. 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА