Конфликтот меѓу Пеп Гвардиола и Серхио Агуеро го одбележа вчерашното дерби меѓу Манчестер Сити и Тотенхем, но стратегот на „граѓаните“ ја објасни целата ситуација потенцирајќи дека нема да дојде до никакви последици за аргентинскиот голгетер.
„Се беше големо недоразбирање. Агуеро мислеше дека сум му лут и дека го обвинувам дека е виновен за нивниот втор гол. Барав корнерот да се чува „еден на еден“, а примивме гол, па тој сметаше дека е виновен во моите очи. Бевме многу емотивни, но тоа е нормално при такви дерби-натпревари. Свесен сум дека и јас понекогаш претерувам со реакциите крај аут-линијата, но и самиот бев фудбалер и знам како се чувствувате кога тренерот ве заменува. Зборувавме и за време на мечот и по завршувањето, се е решено. Серхио е играч што многу го сакам“ – истакна Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА