Ромелу Лукаку ќе добие поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед за партнер во нападот на Интер, откако „нероаѕурите“ влегоа во завршна фаза од преговорите за ангажман на Алексис Санчез. „Црвените ѓаволи“ бараат начин да се ослободат од фудбалерот кого месечно го плаќаат околу два милиони евра, но воопшто не ги оправда очекувањата по трансферот од Арсенал.
Санчез не се снајде кај Мурињо, а очајно играше и кај Солскјер, па норвешкиот стратег дал зелено светло за негово заминување, повеќе доверба покажувајќи му на младиот Гринвуд отколку на искусниот чилеански ас. Јунајтед имал договор со Рома, Санчез одбил преселба во Рим, но „нероаѕурите“ се оптимисти дека ќе успеат да го убедат овој фудбалер да му се приклучи на клубот предводен од Антонио Конте.
„Дејли Мејл“ јавува дека трансферот би можел да биде реализиран во следните 24 часа, откако Интер понудил пет милиони евра за позајмица. Воедно, и самиот фудбалер е подготвен на делумно намалување на огромната плата, само да помогне да се реализира неговото заминување од „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА