Унион Берлин вчера го имаше своето деби во Бундес-лигата, кое мина неславно откако оваа екипа загуби на домашен терен со 0-4.
Сепак, навивачите не дозволија конечниот исход да им го расипе расположението на првиот домашен натпревар во елитното германско фудбалско друштво, целосно уживајќи на трибините без оглед на резултатот на семафорот.
Впрочем, тие останаа на своите места и триесетина минути по последниот свиреж на судијата, пеејќи на сиот глас: „Нашата љубов, нашиот тим, нашата гордост, нашиот клуб, Унион Берлин“.
Разочараните фудбалери останаа на теренот поздравувајќи ги навивачите, чија лојалност сигурно ќе им биде мотив плус на наредните натпревари од Бундес-лигата.
Wenn deine Mannschaft gerade zum Auftakt der neuen Saison 0:4 verloren hat. #fcurbl pic.twitter.com/pheMSzrffc
— Tagesspiegel Sport (@TspSport) August 18, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА